вторник, 26 ноември 2024

Декларација КОП28: Околу дваесет земји планираат тројно да ја зголемат нуклеарната енергија

Објавено на

часот

Сподели

Планот на околу дваесет земји е значително да го зголемат производството на енергија од нуклеарната енергија во корист на климатските прашања, се вели во декларацијата објавена на самитот на ОН за климата.

Според декларацијата потпишана од Франција и САД, капацитетите треба да се тројно зголемени до 2050 година. Договорот го потпишаа и Канада, Јапонија, Велика Британија и уште неколку европски земји.

Германија очекувано не е еден од потписниците откако се откажа од нуклеарната енергија оваа година. Но, во многу други земји, како Франција и Велика Британија, нуклеарната енергија сè уште игра клучна улога во снабдувањето со енергија.

Во декларацијата се наведува дека нуклеарната енергија игра клучна улога за постигнување климатска неутралност до средината на векот и ограничување на температурата на 1,5 степени Целзиусови, со што глобалната заедница сака да ги спречи најлошите последици од глобалното затоплување.

Беше испратена покана до други земји да се приклучат, а до донаторите да инвестираат во проширувањето на нуклеарната енергија.

Поддржувачите на нуклеарната енергија, која речиси и да не произведува стакленички гасови, ја гледаат како неспоредливо средство за производство на големи количини чиста енергија.

Од друга страна, некои еколошки активисти укажуваат на ризиците од несреќи, долгорочниот проблем со отпадот и високите трошоци за атомска енергија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ