недела, 20 октомври 2024

Дедо Минче кој се бореше со мечка од општината доби 30.000 денари награда за претрпениот страв

Седумдесет и шестгодишниот Минче Рамчески од Пласница доби парична награда од 30.000 денари од страна на Општината. Веста ја соопшти градоначалникот Алија Јаоски на социјалните мрежи каде напиша дека наградата е за храброста и вештините кои ги искористил за да се одбрани од животното. Центарот за управување со кризи – ЦУК вчера соопшти дека ловџии спасиле возрасен маж од мечка, која го нападнала. 

Објавено на

часот

Сподели

„Денес општината одлучи на нашиот сограѓанин Минче Рамчески кој се најде во необична и застрашувачка ситуација да му додели финансиска помош од 30.000 денари за претрпен страв и за неговата храброст. Тој ги искористи своите вештини и храброст и се одбрани од напад на мечка. Со ова, ги повикувам сите наши сограѓани и нашата дијаспора да се приклучат во овој хуманитарен напор и да донираат за поддршка на нашиот граѓанин Минче Рамчески во неговата борба да го надмине овој тежок период. Ниту еден придонес не е мал, и секоја помош ќе има значаен удел во неговото физичко и емоционално опоравување“, се вели во објавата на градоначалникот на Фејсбук. 

награда

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ