Вчера беа распоредени само 9.000 полицајци. Сепак, вонредна состојба нема да биде прогласена, рече Дарманен.
Францускиот министер за внатрешни работи изјави дека 150 лица се уапсени за време на протестите втора ноќ по ред, откако полицаец усмртил 17-годишно момче при сообраќајна контрола.
Жералд Дарманен напиша на Твитер дека мета биле градските собранија, училиштата и полициските станици во ноќта на „неподносливо насилство“ низ целата земја, јавува Би-би-си.