петок, 14 март 2025

Дански функционер: Трамп и шефот на НАТО се шегуваа на сметка на Гренланд (ВИДЕО)

Претседателот на данската парламентарна комисија за одбрана Расмус Јарлов остро го критикуваше генералниот секретар на НАТО Марк Руте за неговата шега со Доналд Трамп за Гренланд за време на нивната средба во Белата куќа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За време на состанокот во Овалната соба, Трамп беше прашан за можната анексија на Гренланд, на што тој одговори: „Мислам дека тоа ќе се случи. Не сум размислувал премногу за тоа досега, но седам со човек кој може да биде многу важен во тоа… Марк, потребно ни е тоа за меѓународна безбедност“.

Руте додаде: „Не сакам да го вовлекувам НАТО во ова“, но призна дека Гренланд и Арктикот имаат безбедносна важност, укажувајќи на зголеменото присуство на Кина и Русија во областа.

Јарлов остро реагираше на коментарите на Трамп и Руте: „Не го цениме тоа што генералниот секретар на НАТО вака се шегува со Трамп за Гренланд. Тоа би значело војна меѓу две земји од НАТО. Гренланд само што гласаше против непосредна независност од Данска и никогаш не сака да стане американски“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ