недела, 20 октомври 2024

Данска почна со обука на украински пилоти за Ф-16

Објавено на

часот

Сподели

Данска и Холандија во неделата ветија дека на Украина ќе ѝ донираат борбени авиони Ф-16, исполнувајќи ја на тој начин желбата на Киев, кој верува дека авионите ќе ѝ помогнат во заглавената контраофанзива против руската војска.

Во данската воздухопловна база во Скидструп пристигнале осум украински пилоти, заедно со 65 члена на персоналот кои ќе се обучуваат за одржување и сервисирање на авиони, објави данската војска.

Данска на Украина ќе ѝ испорача 19 авиони Ф-16, а првите шест ќе пристигнат околу Нова година.

Холандија, која има 42 борбени авиони Ф-16, допрва треба да одлучи колку од нив ќе ѝ испорача на Украина. Данска во моментов има 43 авиони Ф-16, но од безбедносни причини не објавува колку се активни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ