недела, 20 октомври 2024

Данска има нов крал: Фредерик Десетти официјално на тронот по абдицирањето на кралицата Маргрете

Фредерик Десетти стана денес нов дански крал, наследувајќи ја својата мајка, кралицата Маргрете Втора, која формално абдицираше по 52 години, јави данскиот јавен сервис ДР.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Фредерик стапи на престолот на седницата на владата во 14 часот, кога кралицата Маргрете ја потпиша декларацијата за абдицирање. Во кабинетот, покрај кралицата, биле присутни министрите на владата и секретарот на кабинетот, кралот Фредерик и неговиот син, престолонаследникот Кристијан.

Телевизијата прикажа снимка како кралицата Маргрете го напушта замокот Кристијансборг со автомобил низ огромната гужва во Копенхаген.

Смената на престолот во Данска е формална церемонија која всушност вклучува само потпис. Значи, кога кралицата го ставила својот потпис на документот, тоа значело дека може да биде прогласен нов регент.

Кралицата Маргрете беше на данскиот престол цели 52 години, од 14 јануари 1972 па сè до денес. Ја презема должноста од својот татко, кралот Фредерик Деветти.

Во јули 2023 година кралската куќа соопшти дека кралицата Маргрете е монархот кој најдолго владее во историјата на Данска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ