петок, 18 октомври 2024
НБА

Далас имаше серија од 30-0 и пак загуби, Јокиќ направи нешто што 40 години не е видено (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во еден период од мечот меѓу Далас и Оклахома, резултатот беше 111-87 за гостите, но следуваше неверојатна серија на Дончиќ и неговите соиграчи од 30-0. Го свртеа резултатот и поведоа со 117-111 на четири минути до крајот, но не успеаа да победат.

s

Последните минути им припаднаа на кошаркарите на Оклахома кои победија со 126-120.

Дончиќ беше маестрален, направи трипл-дабл со 36 поени, 18 асистенции и 15 скокови, најдобар кај Оклахома беше Вилијамс со 23 поени.

Никола Јокиќ дојде до осмиот трипл-дабл оваа сезона, со учинок од 36 поени, 14 асистенции и 13 скокови, а направи и нешто што не му успеало на никој во последните 40 години. Српскиот кошаркар успеа на два меча по ред да направи трипл-дабл, а притоа да нема ниту една загубена топка. Тоа на никој не му успеало во последните четири децении.

Добрата партија на Јокиќ не му помогна на Денвер да дојде до триумф, шампионот загуби кај Сакраменто со 123-117. Фокс и Монк со по 26 поени беа најдобри кај домаќините, Фокс имаше и 16 асистенции.

Резултати:

ЛА Клиперс – Голден стејт 113-112

Шарлот – Минесота 117-123

Бруклин – Орландо 129-101

Детроит – Кливленд 101-110

Чикаго – Њу Орлеанс 124-118

Мајами – Индијана 129-144

Милвоки – Атланта 132-121

Далас – Оклахома 120-126

Феникс – Мемфис 116-109

Јута – Портланд 118-113

Сакраменто – Денвер 123-117

ЛА Лејкерс – Хјустон 107-97

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ