петок, 18 октомври 2024

Да живее печеното свинско!

Објавено на

часот

Сподели

Заборавете го и тоа што ви го велат другарите-вегетаријанци – дека свинското не е добар извор на хранливи материи и дека брокулата и сличниот зеленчук се доволни за здрав живот. Еве зошто тоа не е точно:

1. Свинското месо содржи големо количество тијамин. Овој елемент е познат по тоа што помага во здравото функционирање на мозокот.

2. Споредено со другите меса, свинското содржи многу малку сол. Ова е добра вест за оние што страдаат од болести на бубрезите.

3. Свинското содржи многу протеини. Тоа е толку богато со протеини што 200 грама свинско го задоволуваат потребното дневно количество протеини кај човекот. Уште подобро е тоа што протеините од свинското се од оној тип што телото многу лесно ги апсорбира.

4. За оние што страдаат од анемија, свинското е најдобриот извор на железо.

5. Свинското е богато со витамин Б12 и ова е тоа што вегетаријанците го пропуштаат. Само сто грама свинско дневно задоволуваат дури 70 отсто од она што му треба на вашиот организам.

6. Свинското е богато и со цинк. Всушност, нутриционистите го претпочитаат цинкот што се наоѓа во свинското зашто и тој е од типот што лесно се апсорбира во телото.

И да не ја заборавиме најглавната причина за јадењето свинско – добро искрчкано,  убаво зачинето, ревносно превртувано и со љубов полевано со сопствениот сос, свинското печење е веројатно најбожественото месо познато на човековиот род.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ