недела, 20 октомври 2024

Да се разреши обвинителот познат по предметот за големиот пожар во Македонска пошта, предлага обвинителството

Се предлага разрешување на обвинителот Мартин Митревски, кој меѓудругото, го водеше предметот за големиот пожар во Македонска пошта и обвинителот Расим Дреца, пренесува „Скопје1“. Дисциплинската комисија утврдила дека тој сторил тешка дисциплинска повреда. Известителот кој собирал докази, направил извештај кој покажал дека Митревски ги заташкувал предметите

Објавено на

часот

Сподели

„Врз основа на изведените докази, Комисијата утврди дека јавниот обвинител без оправдани причини не постапувал по предмети во пропишаните законски рокови, со што значително била одолговлечена постапката во предметите. Со оглед на тоа и другите околности, одлучено е до Советот на јавните обвинители да биде поднесен предлог за разрешување на јавниот обвинител“, велат од Обвинителство.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ