недела, 20 октомври 2024

Да престане масакрот во Газа, да се осуди израелската одмазда врз цивили, порака од протест во Тетово

Во Тетово денеска се одржа протест од кој до светските фактори беа испратени пораки да престане израелската одмаздничка воена операција врз Појасот Газа во која веќе загинаа илјадници цивили, меѓу кои речиси половината се деца. Палестинскиот народ не е народ со помала вредност, гласеше една од пораките упатена не само до светот, туку и до македонските политички фактори и медиумите.

Објавено на

часот

Сподели

„Излеговме на протест за да го осудиме владејачкиот наратив според кој палестинските жртви се со помала вредност Тука сме да споделиме жалост со семејствата на жртвите. да изразиме почит кон жртвите, да ја осудиме одмаздничката акција на Израел во која жртви се бебиња, деца, жени, цивили воопшто, кои, во очите на многумина политичари, се колатерална штета и кои со едни очила  говорат за решавање на еден стар конфликт. Ние сме тука за да покажеме дека сме на страната на правдата и на историската вистина“, рече Јетон Џеладини во говорот пред присутните, во име на граѓанската иницијатива, која го организираше митингот.

Од протестот, на кој учествуваа неколку стотици граѓани, беа испратени пораки до македонската власт и до меѓународните фактори дека граѓаните се на страната на онеправданите и жртвите во безумната воена операција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ