сабота, 13 јули 2024

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Да ја одвоиме политичката магла од македонската почва

Мојот став околу напластувањето и згуснувањето на маглата за споменатиот проблем го наоѓам во  сериозниот проблем на недостиг на политичкото знаењето или попрецизно тоталното незнаење на преговарањето. Темната и напластена магла има сериозни корени во договорот од 2017 година кој го потпишаа нашите политички неандерталци со стекнати фамилијарни но, сокриени од јавноста, чувства дека се Бугари. Тој договор беше целосно наслонет на тие нивни чувства потоа поцврсто потврдени. Неандерталскиот земјоделец од Муртино, тоа многу видливо го искажа во интервјуто дадено за БГНЕС, но и претходно со бришењето на вистината за борците од НОБ, а вториот иако затскриено и скромно, тоа го изрази во исказот на една наша ТВ кога изнесе став дека и овој договор треба да се реши слично како и договорот со Грција.  Овој став веднаш го обработив и презентирав во нашиот прв македонски весник.  Од тогаш до денес, се изнесоа многу ставови. Сите тие ставови, сепак според мене влечат корени од тој договор претходно договорен во четири очи, а потоа склучен откако се формулира правно. Така врз тие корени израсна и дрвото наречено „француски предлог“, во кој се вградија сите национал-шовинистички барања кон нас од страна на нашиот источен сосед со што се отворија вратите за напластување на густата и темна магла на патот кон ЕУ.   

Јас сепак останувам на мојот став кој досега сум го споменал многу пати дека ние немаме политичко и преговарачко знаење како да се справиме или попрецизно кажано да ја избегнеме темната и густа магла надвисната над нашата држава и општество. Еве некои аргументи за оваа моја едноставна, но за нашата политика непозната и заради тоа невидлива и напластена магла за нашата вистина. 

Најпрво ќе почнам со едно комплетно незнаење за терминот рационално. Јас тврдам дека погрешно се користи овој предлог во сегашниот случај околу преговарањето со Бугарија и така маглата станува погуста. Ќе излезам од моите културни и воспитувачки домашни навики, ама морам да презентирам еден прилично погрден пример на воспитување кој ми се понуди. Еден мој пријател ми вели: ако си толку сигурен во овие твои тврдења за незнаењето што е рационалност, ветуваш ли дека твоите образовни и научни дипломи јавно на плоштадот ќе ги искинеш (ова е моја парафраза- тој бараше да си го исечам). А што да правам, излегувам надвор од достоинството и му велам да, ако ти тоа го организираш. Но и му велам сите твои професори, политичари, новинари и други кои поинаку го употребуваат терминот, ќе можеш ли да ги натераш,  да си заминат во сенка и повеќе да не се појавуваат во јавноста и да го  трујат народот со магла и дим, односно незнаење. Потоа му велам сите плати што ги земале во рок од 15 години да ги вратат во буџетот. Откако се договоривме јас му велам: во преговарањето рационално значи она што се разменува да биде подеднакво значајно за двете страни. Тука ќе завршам со примерот, а неговиот продолжеток ќе следи во текот на овој напис.

Во јавноста кај нас постојано се активира овој проблем – што е нормално. Меѓутоа мене ме загрижува неосознавањето на проблемот, па ни се презентираат две опции. Едната  она што харвардовецот со диплома од Шупли камен ја прифати и стана француски предлог и онаа опција која ВМРО-ДПМНЕ ја отфрла. Која е трагедијата тука? Прво тоа што харвардовецот кога му се наметнувале барањата на Бугарија, тој фактички бил слепец и не го знаел концептот за добрососедство и идентитет на Роџер Фишер и Даниел Шапиро, професори од Харвард, кој послужи за успешно решавање на проблемот меѓу Еквадор и Перу. Значи едно е да се фалиш, а друго е дали те бива. Така нашиот премиер не е компетентен за преговарање, оттаму и за функцијата која ја извршува. Самиот пак факт со кој сакаше да ни продаде тајност околу тие преговарања го потврдува ова мое тврдење. Но за тоа ако има потреба во друга прилика. Така и со предлогот кој го доби од ЕУ ги натера споменатите погоре кои се занимаваат со поимот рационално да се ограничат само на нашиот разум, а не и на разумот на другата страна, за што јас се изјаснив како неприфатливо имајќи го предвид добрососедството. И конечно јас и порано пишував и сега сосема слободно ќе напоменам дека околу овој предлог за решавање на нашиот влез во ЕУ, се кријат повеќе шеми на корупција, не само кај нас, туку и во Бугарија, но и во ЕУ.

Не можам да завршам со написот. а да не споменам неколку навидум значајни написи за проблемот со францускиот предлог, односно засега само за влезот на Бугарите во Уставот. Овој влез се разбира нема ништо од споменатиот концепт на Фишер и Шапиро, а кој за мене е круцијален. За мене многу значајно е, а целосно непознато кај нас, е суштината на концептот, иако тој не е само алатка за преговарње за добрососедските односи, туку и преговарање за идентитетот. Оттаму за мене се што се пишува и зборува за проблемот за влез во ЕУ, имајќи го предвид францускиот предлог во целина или пооделно само за внесување на Бугарите во Уставот е целосна изолација на Македонија од картата на светските народи и комплетно неморален и неприфатлив од наша страна ако не се прифати споменатиот концепт.

 Битно е да се спомене дека ако не се прифати внсувањето на Бугарите во Уставот е сериозен пристап кој бара одговор на прашањето ќе бидеме ли наивни ако не се внесат овие граѓани во Уставот. Навидум многу сериозен аргумент изнесен во јавноста на еден наш политиколог, без притоа да се има предвид дека потоа следат други барања од другата страна според францускиот предлог или секојдневните барања. Според мене, преговарањето само за еден елемент без се што потоа следи не е рационално, бидејќи на другата страна ѝ даваме се што ќе бара да ѝ се даде и така исходот ќе биде целосна добивка на противникот и целосна наша загуба како во случајот со преговарањето во Нивици или со исход бришење на Македонија како држава и на македонскиот народ. Затоа ако е потребно да се вметнат само Бугарите во Уставот тогаш може да се прифати под услов тоа внесување да се направи со ѕвездичка ставена само на овој народ.  Тоа ќе значи дека после второто поставување на блокада на нашиот влез, Бугарите да се избришат од Уставот. Некој ќе го постави прашањето дека такви случаи немало во правната пракса. Може така да биде заради влезот во ЕУ, но тоа мора да се внесе како одбрана од се што понатаму следува на преговарачката маса имајќи го предвид и споменатиот концепт на Фишер и Шапиро, што е и блиску и до рационалноста. Односно суштината на концептот е разбирањето на потребите на двете страни за идентитетот. Но, во секој случај таквата постапка на нашата страна значи изразена потреба за продолжување на процесот за нашиот пристап за влез во ЕУ, а не одбивање на тој влез. Но и потребата за наметнување на сите барања на Бугарија влезени во францускиот предлог, според мене иако Бугараија ги затскрива зад научните истражувања комплетно се потпираат на емоциите, а не на фактите. И на крајот СДСМ е комплетно одговорна бидејќи пред прифаќањето на францускиот предлог Ковачевски требаше на ваква средба со ВМРО-ДПМНЕ да побара консензус, а не сега.

А врз какви елементи требаше тој консензус да се гради врз основа на споменатиот концепт, а не врз основа на разбирањето на проблемот на премиерот кој се покажа како некомпетентен бидејќи ни е загрозен идентитетот. Како ли? Еве како. Кои се тие елементи: обострано разбирање, поврзување или здружување, се обезбедува ли самостојноста или автономијата и заедничкиот статус и обостраната улога.  Моја оценка е дека Бугарија обезбеди надмоќност во поглед на сите овие елементи врз основа на емоциите.  За сето ова подетално објаснување може да следи потоа ако се искаже интерес.

Основен проблем во расправите за овој проблем кај нас е дека без консензус за проблемот нема влез во ЕУ. Мојот предлог, погоре споменат, може да биде солиден консензус со кој и ВМРО-ДПМНЕ се откажува од одбивање на предлогот и прифаќа влез на Бугарите со услов со ставање на ѕвездичка, а со него треба и СДСМ која комплетно е виновна за проблемот да го прифати предлогот за да се обезбеди влезот во ЕУ. Ако меѓународната не го прифати предлогот, тогаш очигледно е дека ни пртстојат сериозни промени на идентитетот и тогаш од народот треба да се побара изјаснување за тоа сака ли да биде бугаризиран или да си остане македонски. Во преговарањето вакви предлози за консензус се целосно опортуни.

                                                                                                                                               М-р Ѓорѓи Трипков,

                                                                                                                                развоен економист, пензионер

      

КОЛУМНИ

Димитар Љоровски Вамваковски

Патот кон создавањето на македонската национална посебност

Ристо Цицонков

Пoлитичари, соблечете ги оделата кога е надвор жешко!

Рајко Пеколски

Нaјважната игра

Љубица Караманди Попчевски

Евроинтеграција: Клучни уставни промени за македонскиот пат кон ЕУ

Веле Митаноски

Македонците од Албанија ги предадоа политичарите од сите бои – овдешни...

Клементина Брзаковска

Симболиката на една ограда

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ