четврток, 31 октомври 2024

Да бидеме подобри луѓе, рече Џафери пред поканетите на ифтарската вечера

Техничкиот премиер Талат Џафери по повод светиот месец Рамазан приреди ифтарска вечера на која беа поканети и присуствуваа претседателот на Собранието Јован Митрески, претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, поранешниот премиер Димитар Ковачевски, актуелните членови на Владата, претставниците од верските заедници, претставници од судството, академската јавност и други гости.

Објавено на

часот

Сподели

Во своето поздравно обраќање пред присутните гости, премиерот Џафери посочил дека ифтарската вечера, како традиција за време на светиот месец Рамазан, е начин за собирање на блиското и далечно семејство, на пријателите, соработниците. Рамазан, додал тој, иако е месец во кој верниците од исламската вероисповед постат, во исто време, ги хранат душата и мислите со позитивни мисли, со взаемна почит и разбирање, со чувство на солидарност и сочувство за секое човечко битие.

При тоа, ифтарските вечери се можност и за потсетување на основните вредности на взаемна почит, упатување на желби за добро здравје, благосостојба и успех.

„Семејството е главниот столб, околу кое се одвива целиот наш живот и кое е најзначајната поддршка и поттик за да можеме да ги вршиме нашите секојдневни задачи и одговорности со највисоката посветеност и внимание. Само тогаш кога имаме мир во семејството, имаме спокој и во умот, и можеме да рефлектираме спокој и во работата и во државата. Апелирам до сите, да бидеме подобри луѓе од тоа што сме, да правиме корисни дела за луѓето во потреба, затоа што само тогаш ќе бидеме вистински среќни, кога сите околу нас ќе ја споделуваат среќата со нас“, порача Џафери.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ