недела, 20 октомври 2024

ЦУК: Вчера регистрирани шест пожари на отворено, сите се изгаснати

Според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во текот на вчерашниот ден, противпожарните тимови интервенирале на шест пожари на отворен простор и сите ги изгснале,

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска временските услови се повлажни и се надеваме дека нема да има многу пожари. При вчерашните шест пожари на отворено, гореле сува трева и ниска вегетација, деградирана ниска шума, отпадоци и слично, во Општина Битола, кај село Лознани, Општина Новаци, покрај патот за село Новаци, во Општина Велес се регистрирани два пожари, во населбата Речани и кај село Рлевци, Општина Неготино, кај село Војшанци и во Општина Куманово во кругот на оштината“, информираа од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ