вторник, 22 октомври 2024

ЦУК: По вчерашните врнежи, намален е ризикот од шумските пожари

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од Македонскиот информативен систем за шумски пожари (МКФФИС), вренежите од дожд значитело придонесоа за намалување на вредностите на сувост на вегетацијата (Wgetation Drynes). 

Картата на сувост на вегетација (Wegetation Drynes map) која во МКФФИС се генерира врз основа на сателитски измерени параметри, покажува дека вредноста на индексот за сувост на вегетацијата, за 6 август доминантно е со ниска вредност, со мали показатели за средно и високо ниво на мали подрачја.

џ
 
Што се однесува до индексот за шумски пожари (според измерените вредности од автоматските метеоролошки станици при УХМР – температура на воздух, влага, ветер и врнежи), имаме „просечно” ниво за северо-западниот, западниот и југо-западниот дел од Македонија, додека со индекс на „високо” ниво е покриен централниот, јужниот и источниот дел од земјата.

с
 
Оваа состојба укажува на потребата од понатамошна континуирана подготвеност и будност на сите субјекти од системот за управување со кризи, бидејќи врнежите значително го ублажија интензитетот на пожарите од изминатите денови, но ризикот од пожари ќе биде актуелен и во текот на август, бидејќи според метеоролошките прогнози, се најавува стабилизирање на времето и повторно зголемување на температурите, се вели во соопштението на ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ