сабота, 20 јули 2024

ЦУК апелира попладнево и вечер да не се тргнува на пат без потреба

Поради најавата за снег и температури околу и под нулата, Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелира до граѓаните доколку немаат неопходна потреба попладнево и вечер да избегнуваат да возат по сите планински превои и други вообичаени критични точки при снежни врнежи. 

Објавено на

часот

Сподели

„Според УХМР, денес попладне и вечер на повисоките места се очекуваат врнежи од снег и температури околу и под нулата. Затоа апелираме до граѓаните доколку немаат неопходна потреба попладнево и вечерва со своите возила да ги избегнуваат сите планински превои и други вообичаени критични точки при снежни врнежи или доколку патуваат да користат или со себе да носат зимска опрема“, апелираат од ЦУК.

Оттаму упатија апел и до возачите на тешки товарни возила.

„Ги повикуваме возачите на тешки товарни возила да бидат исклучително совесни и внимателни, да користат зимска опрема и да ги почитуваат сите евентуални препораки и забрани од МВР.“, се наведува во апелот на ЦУК.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ