четврток, 24 октомври 2024

Центарот за управување со кризи има нов помошник – ленд ровер дифендер (ФОТО)

За реализирање и имплементирање на дејноста од јавен интерес, компаниите Ауто Валис дистрибјушн и Аутомобили груп, регионалниот увозник заедно со дистрибутерот на возилата Јагуар и Ленд ровер, отстапија на користење нов ленд ровер дифендер хард топ Н1 на Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Целта е да се помогнат теренските активности на Центарот за управување со кризи во случаите на справување со природни непогоди како пожари и поплави.

Центарот за управување со кризи е инстутуција надлежна за превенција, рано предупредување и справување со кризи меѓу кои и спасување на загрозени лица од непристапни терени и во тешки временски услови, затоа ленд ровер дифендер ќе биде најиздржливиот и еден од најспособните помошници на вработените на ЦУК.

Вработените на ЦУК годишно имаат над 100 интервенции низ Македонија. За полесно да одговорат на сите предизвици тие ќе имаат на располагање ленд ровер дифендер хард топ Н1: убедлива комбинација на теренски способности, практичност и товарен простор, импресивна носивост до 800 килограми кај верзијата 110 и можност за влечење приколка до 3.500 килограми со опција за прилагодување на внатрешноста. Без вториот или третиот ред седишта, дифендер 110 хард топ нуди товарен простор до 2.059 литри.

дифендер

Според директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов оваа соработка им значи многу:

„Мило ни е што компаниите Ауто Валис дистрибјушн и Аутомобили Груп ја препознаа улогата која ја има ЦУК за навремена реакција, ефикасност и соодветно искористување на ресурсите што се на располагање во случај на итна или кризна состојба и предложија ваков вид на соработка. Ова возило ќе овозможи да им се помогне на сите граѓани на кои им е потребна помош на непристапен терен и тешки околности, но и да се поддржат проектите за заштита на животната средина“, нагласи Стојанче Ангелов.

дифендер

Директорот на Ауто Валис дистрибјушн за регионот на Адриа, Милош Стефановиќ, со задоволство истакна дека оваа соработка е дел од еден поширок регионален и долгорочен проект.Ленд ровер дифендер е возило кое може да стигне до сите терени, па во рамките на проектот веќе е отстапен за помош и користење на служби и организации за спасување во регионот, а отсега и во Македонија.

дифендер

Од Аутомобили груп наведуваат дека како општествено одговорна компанија големо е задоволството да се поддржи ЦУК во нивната мисија:

„Неспоредлив, несопирлив, ленд ровер дифендер ја има способноста што е потребна да се биде помеѓу оние кои имаат храброст да пружат помош, онаму каде другите не се осмелуваат, или не можат да одат“, изјави Љупчо Георгиевски, бренд менаџер во Аутомобили груп.

дифендер

дифендер

дифендер

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ