петок, 18 октомври 2024

Цената на струјата уште ќе расте, граѓаните да штедат!

Објавено на

часот

Сподели

„Намалување на цената на електричната енергија сигурно дека нема да има. Напротив, ќе има поголеми покачувања на цената на струјата и затоа време е да се насочиме кон поголема енергетска ефикасност“, истакна министерот Сарачини на денешната прес-конференција.
Замена на старите светилки со нови енергетски поефикасни, изолирање на прозорците и таваните во домовите, купување апарати за домаќинство со поголема енергетска ефикасност се само дел од мерките за поголема заштеда на струја што ги предлага Министерството за економија, а се содржани во новата брошура „Штеди, вклучи го мозокот, исклучи ја струјата“.
„Со поефикасно затоплување, поефикасна изолација и поефикасно осветлување може да заштедиме од 20 до 40 проценти од трошоците за енергија, а државата може да заштеди околу 700 гигавати-часа“, посочи Сарачини.
Министерството за економија за годинава има одвоено шест милиони денари за субвенции за сончеви колектори. Оваа активност ќе почне да се реализира од февруари и за разлика од лани, изборот ќе биде потранспарентен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ