понеделник, 28 октомври 2024

Царинска управа: спречен шверц на 50 штеки цигари купени во фри-шоп на Богородица

Цариниците спречија шверц на 50 штеки цигари што грчки државјанин ги купил на фри-шоп и без да ги пријави сакал да ги внесе во Македонија преку граничниот премин Богородица. Вкупната вредност на штеките цигари изнесува 85.900 денари при што вкупните царински давачки коишто лицето сакало да ги избегне изнесуваат 60.900 денари.
Царинските службеници штеките цигари ги открија во фабричките шуплини зад тапацирот на задните врати од возилото со кое патувал грчкиот државјанин, соопшти Царинската управа.

Објавено на

часот

Сподели

Штеките со вкупно 10.000 цигари се одземени, а против лицето е поднесена прекршочна пријава.
Царинска управа во рамки на своите надлежности спроведува активности за заштита на финансиските интереси на државата и сузбивање на нелегалната трговија.

д

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ