Возилото со албански регистарски таблички управувано од албански државјанин кој патувал со сопатник од Албанија е сопрено од страна на полициски службеници на наплатна станица Тетово, при што поради сомневање дека се превезува наркотична дрога е повикан мобилен тим од Царинска управа, стои во соопштението.
Притоа извршен е претрес со царинско куче со чија помош е откриена поголема количина на наркотична дрога марихуана. Дрогата е откриена во резервната гума која била исполнета со три поголеми пакувања со околу три килограми наркотична дрога марихуана.
Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави, се наведува во соопштението на Царинската управа.