вторник, 22 октомври 2024

Царинска управа: Нова дигитална вага на Богородица

Објавено на

часот

Сподели

Управничката на царинарница Гевгелија, Тања Илијоска, вели дека тежината на декларираната стока е првиот индикатор за проверка на точноста на информациите и е многу важна при контрола на секој внес, изнес и транзит на стока.   

„На преминот се мери секоја стока, вклучувајќи ги и празните цистерни за да се направи сеопфатна контрола, односно проверка на точноста на декларираната тежина. Од почетокот на годинава заклучно со 31 октомври на влез на граничниот премин Богородица се измерени вкупно 74.685 товарни моторни возила. Поставувањето на новата дигитална вага значително го забрза транспортот на стока на преминот. Мерењето е клучно за овозможување услови за фер конкуренција, но и за сузбивање на сивата економија и спречување шверц на стока“, потенцира Илијоска.

г
Средствата за поставување на вагата се обезбедени преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Македонија „Преминуваме граници“.

Ова е прва дигитална вага како дел од процесот за целосна дигитализација и автоматизација на терминалите.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ