сабота, 26 октомври 2024

Царината заплени 45 женски чанти, 4 куфери и ранец

Спречен е обид за криумчарење на 45 женски чанти, четири куфери и еден ранец по извршена контрола од страна на царински службеници на граничниот премин Меџитлија, соопшти Царинската управа.

Објавено на

часот

Сподели

„Непријавената стока е откриена при контрола на патничко моторно возило кое се пријавило на влез во држвава. Поради сомнение во изјавата на возачот извршена е физичка контрола на возилото, при што во возилото во просторот помеѓу седиштата и во багажниот простор  пронајдени се непријавени 45 женски чанти, 4 куфери и 1 ранец.

Непријавените производи се привремено задржани, а против лицето е поведена соодветна прекршочна постапка“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ