среда, 23 октомври 2024

Цветков: СДСМ им нуди бесплатна правна помош на сите оштетени од грубата партизација на ВМРО-ДПМНЕ

„СДСМ ќе ги заштити обезправените од грубиот процес на партизација што сака да го наметне ВМРО-ДПМНЕ. Правен тим од неколкумина правници и адвокати на СДСМ партијата бесплатно ги става на расплагање на сите на коишто им е потребна“, изјави на прес-конференцја пратеникот на СДСМ, Борче Цветков.

Објавено на

часот

Сподели

„Во државните институции ВМРО-ДПМНЕ спроведува груба партизација, е случуваат незаконски разрешувања и распределувања, но и незаконско стопирање на завршени постапки за нови вработувања. Во рок од само неколку дена во МВР се распределени над 50 полициски службеници, дел и на раководни позиции. Спротивно на законските норми се случуваат распределби и назначувња на неколку нивоа подолу. Еклатантен пример е случајот со поранешниот диркетор на БЈБ кој е симнат десетина нивоа подолу на ниво на самостоен инспектор во полициска станица. Ова се случува и во други институции“, рече Цветков.

Тој наглас дека има бројни примери и на отпуштања по веќе завршени огласи за вработувања на нови кадри, неопходни за работа на институциите. Незаконски се изнаоѓаат, како што рече, начини да не се реализираат. Цветков додаде дека во партиската шема на ВМРО-ДПМНЕ нема место за професионалците.

„СДСМ ќе ги заштити обезправените од грубиот процес на партизација што сака да го наметне ВМРО-ДПМНЕ. Правен тим од неколкумина правници и адвокати на СДСМ партијата бесплатно ги става на расплагање на сите на коишто им е потребна. Секоја среда, во 18 часот, во седиштето на партијата, сите може да дојдат и да добијат бесплатна правна помош и бесплатно застапување пред надлежните органи. Правниот тим на СДСМ е подготвен да поднесе кривчна пријава за сите основани случаи за кои постојат докази. Вратите на СДСМ се отворени. Заедно ќе се спротивставиме на партизацијата и прекршувањето на законите кои ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ во институциите“, рече пратеникот Цветков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ