понеделник, 25 ноември 2024

ЦУК: Граѓаните да не се лутат, нема бесплатно заловување на змии

Од Центтарот за управување со кризи информираат дека во последно време често добиваат повици од населени места со барање за отстранување на змии. За жал, не постои специјализирана служба, а тоа не е работа на пожарникарите, велат од ЦУК и посочуваат дека имаат контакти од лица кои отстрануваат змии, но услугата се наплаќа. Директорот на ЦУК во телевизиско гостување укажа дека на голем број површини во градовите, тревата е висока и густа и дека е можно да има змии.

Објавено на

часот

Сподели

„Нема специјализирана служба за заловување на змии. Претходно граѓаните се лутеа кога дежурните на бројот 112 немаа никакви информации за тоа кој отстранува змии, а сега, кога дежурните најдоа контакти од лица кои се бават со тоа, повторно се лутат затоа што таквата услува не е бесплатна“, велат од ЦУК и додаваат дека не може пожарникарите да се повикуваат за секаква работа, особено не за ваква специфична и тоа во сезона на пожари.

„Почестата појава на змии во населени места индицира дека локалните самоуправи, а секако и на повисоко ниво, специјализираните институции од ветеринарната област, во рамки на нивните можности, е пожелно да се обидат во соработка со професионалци од ветеринарната област да им помогнат на граѓаните“, велат од ЦУК.

Инаку, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во гостување на Канал 5, изјави дека проблемот со множењето ма змии во градски средини се должи и на неодржување на зелените површини. Тој како пример го наведе просторот на поранешната касарна во населбата Аеродром во Скопје, каде, како што нагласи, тревата е толку висока што достига до неговиот нос.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ