Активни пожари има на територијата на општина Македонски Брод кај Јасен – Белица, каде што гори борова шума, во општина Кочани и општина Мекедонска Каменица кај селата Пресека и Цера, каде што дејствуваат два хеликоптери – Ми171 на МВР и еден од Словенија, 16 лица од ТППЕ, 3 од ДППД, 9 од НШ, 10 од месното население, а горат борова шума и папрат.
Во општина Ресен пожарот кај Галичица се шири во правец на врвот Магаро кон селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на охридската територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа, каде што гори нискостеблеста вегетација, во општина Долнени пожарот кај селото Дебреште се шири кон селата Рилево и Зрзе, како и кон село Крапа, општина Македонски Брод, каде што гори нискостеблеста деградирана шума.
Во општина Кичево пожарот кај селото Патеец – село Козичино, проширен кон селото Горно Крушје, општина Македонски Брод, каде што горат борова и букова шума, во општина Кичево пожар има и во селото Зајас – село Горно Строгомиште, каде што гори мешана шума, во општина Маврово-Ростуше кај селото Врбен и горат ела, смрека и сува трева, во општина Новаци има пожар кај село Полог – Брник, Ивени, Рапеш и гори ниска вегетација, деградирана шума, во општина Новаци има пожар кај село Острец каде што гори густа мешана шума.
Исто така, активни пожари има и во општина Пласница кај селата Пласница – Латово, Македонски Брод каде што гори нискостеблеста вегетација, во општина Македонски Брод има пожар кај село Грешница и гори мешана шума, во општина Долнени има пожар во село Плетвар и гори сува трева, во општина Пробиштип: пожар има кај село Ратковица спрема Пониква каде што гори мешана шума и во општина Куманово пожар има кај селото Кучкарево, каде што гори сува трева.
Под контрола се ставени пет пожари – на територијата на општина Пехчево кај селото Негрево каде што гореше мешана шума, во општина Демир Хисар и општина Охрид кај Илинска Планина, во општините Охрид и Демир Хисар е под контрола (ниска вегетација), во општина Чашка кај селата Ореше, Папрадиште (мешана шума), во општина Делчево кај Депонија Делчево (депонија) и во општина Чашка кај местото Мукус, општина Чашка кон село Дреновци, општина Прилеп каде што гореше мешана шума.
„Изгаснати се 18 пожари – на територијата на општина Струмица кај селото Баница каде што гореше сува трева, во општина Тетово кај Фабрика Г8 (сува трева), во општина Боговиње кај село Боговиње (сува трева), во општина Струга кај село Ложани каде што гореше ѓубре, во општина Струга кај село Ливада (ниска вегетација), во општина Струга кај село Белица (ѓубре), во општина Берово кај село Владимирово (ниска вегетација), во општина Пробиштип кај ул. Миро Барага (ниска вегетација), во општина Ресен кај Депонија во Ресен гореше депонија, во општина Кочани кај Градска депонија (ѓубре); во општина Валандово кај Депонија (ѓубре); во општина Велес кај с. Грнчиште (ниска вегетација), во општина Кавадарци кај Депонија Мелци (депонија), во општина Липково кај село Матејче (сува трева), во општина Липково кај село Никуштак (сува трева), во општина Ново Село кај село Бадилен (мешана шума), во општина Кисела Вода кај село Драчево (сува трева), во општина Аеродром кај село Горно Лисиче (ѓубре) и во општина Гази Баба кај селото Јурумлери каде што гореше ѓубре, информираат од ЦУК.