понеделник, 30 септември 2024

ЦУК: Без знаци на живот пронајдена е изгубената планинарка на Шар Планина

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека потрагата по изгубена 72-годишна планинарка (Ј.П.) на Шар Планина утрово за жал заврши со пронаоѓање на нејзиното тело без знаци на живот. Вчера имаше и спасителна акција на Дојранско Езеро што заврши успешно.

Објавено на

часот

Сподели

Регионалниот ЦУК  Тетово извести дека преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 вчера во 11.57 часот беше примен повик за исчезната повозрасна планинарка на Шар Планина во реонот на Љуботен, по што беше организирана потрага што продолжи и утрово. Во потрагата беа вклучени ренџери од НП „Шар Планина“ заедно со нивниот директор, 12 специјалци од МВР, 5 полициски службеници од ПС Теарце. Утрово, од  НП „Шар Планина“ известија дека денеска во 7.30 часот  е пронајдена жената во месноста Ружен Камен, но без знаци на живот. За извлекување на настраданата жена од тежок и не пристапен терен интервенираше алпинистот Надир Мурсели. Увид на местото ќе изврши екипа од СВР Тетово, а известен е и Јавен обвинител.
Вчера во 16.30 часот била побарана помош за лице кое пливало во Дојранското Езеро кај месноста Калдрма за време на лошо време со ветер, бранови и езерски струи. Лицето е пронајдено живо од страна на полициски службеници од полициската станица Дојран. Лицето испливало до брегот во близина на грчката граница, од каде го презеле припадниците од МВР. Потрагата се вршеше со чамец на концесионерот на езерото. Дирекцијата за заштита и спасување нема чамец на Дојранско Езеро.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ