недела, 13 октомври 2024

ЦГК: Најголем дел од корупцијата во јавните набавки е последица на политички интереси

Јавните набавки во 2023 година достигнаа рекордно висока вредност и рекордно ниска конкуренција во последните 10 години. Склучени се договори за јавни набавки во вкупна вредност од 1,5 милијарда евра, што е 35 отсто повеќе од претходната година, се наведува во најновите извештаи за состојбите во јавните набавки што ги подготви Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Објавено на

часот

Сподели

„Според мониторингот на јавни набавки, просечниот број понуди по тендер изнесувал 2,7. Во една третина од тендерите е добиена само по една понуда. Отсуството на конкуренција е последица на фаворизирачки тендерски документации и загубена доверба на бизнис-секторот во фер натпревар на набавките“, констатирале од ЦГК.

Според податоците од истражувањето 41 отсто од луѓето за јавни набавки по државните институции сметаат дека во набавките често има корупција. Најголем дел од нив велат дека најприсутна е корупцијата како последица на политичките интереси, и дека поголем генератор на корупција се фирмите отколку луѓето во институциите. И 51 отсто од фирмите што учествуваат во јавните набавки сметаат дека во набавките има корупција, а со неа лично се соочиле 23 отсто од компаниите вклучени во истражувањето.

„Индексот на рационалност открива големи разлики во цените по коишто институциите купуваат исти производи и услуги. Така, на пример, исти лиценци за компјутерски софтвер се купувани по цени од 6.185 до 23.100 денари. Базата на податоци за јавните набавки на општините, пак, открива дека во 2023 година, општините за набавки потрошиле 40 отсто повеќе пари од претходната година и дека само десет фирми добиле 25 отсто од вредноста на сите тендери“, се наведува во извештаите на ЦГК.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ