петок, 18 октомври 2024

Чури ли чури, од Скопска Црна Гора и Водно се гледа

Објавено на

часот

Сподели

Деновиве во Скопје одвреме навреме може да се почувствува дека воздухот е загаден, де горело кај салата Борис Трајковски, де кај Волково, де кај Ѓорче Петров, а најмногу се жалат жителите на Гази Баба кои живеат блиску до Вардар, како и жителите на Ново Лисиче, зашто затворената депонија Вардариште постојано како да е активна. Неколку пати изминатите три недели и пожарникари гаснеа.

Во дел од Гази Баба и Ново Лисиче станарите навечер и во раните утрински часови ги затвораат прозорците зашто мирисот во некои денови така отровно смрди, што владее страв за здравјето.

Никој досега не може да соопшти на што точно се должи загадувањето и дали некој пали опасен отпад, иако наводно има стражарски екипи, а надлежностите се посебна приказна. Секоја од институциите, општината, градот или Министерството за животна средина не се надлежни или се недоволно надлежни. 

А воздухот е заеднички…

д

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ