Во неа се наведува дека Божиќ е голем христијански празник, празник на светлината, надежта и спасението.
„Да ги негуваме семејните вредности на македонскиот народ и да даруваме безусловна љубов кон ближните. Нека е честит празникот и за многу години. Христос се роди, навистина се роди“, посакува МАЕИ во божиќната честитка.
Од свое и од име на Советот на општина Пустец и општинската администрација честитка упати градоначалникот Пали Колефски.
„Божиќ е голем празник кој успева да донесе љубов и среќа во нашите домови. Нека целата година ве прати чувство на љубов, среќа, топлина и потреба за блиските да бидат до вас. Среќен Божиќ на сите“, посакува меѓу другото Колефски.
Среќни божиќни празници, со желби за мир, хармонија, здравје, благосостојба посака и македонското друштво „Илинден“-Тирана, во честитката упатена до поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архиепископ охридски и македонски г.г.Стефан и до сите верници.