вторник, 10 декември 2024

Делегација на БЈБ на средба со претседателот на ИНТЕРПОЛ

На Генералното Собрание на ИНТЕРПОЛ, што се одржува оваа недела во Глазгов, Обединетото Кралство, делегацијата на Бирото за јавна безбедност на македонското МВР оствари средба со претседателот на ИНТЕРПОЛ, Ахмед Насер Ал-Раиси, на која беше потврден огромниот придонес кој нашата држава го дава за јакнење на меѓународната полициска соработка преку учество во активностите и иницијативите на ИНТЕРПОЛ, соопшти Министерство за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, како што е наведено во соопштението,  Ахмед Насер Ал-Раиси понудил отворена поддршка во име на Организацијата за јакнење на капацитетите на македонската полиција.

„Беа одржани и низа билатерални средби со делегациите од Австралија, Молдавија, Србија, Бразил и САД, на кои беа дискутирани актуелни прашања од заеднички интерес, во насока на брза и ефективна размена на информации и воспоставување на заеднички истраги во борбата против организираните криминални групи, финансискиот криминал, корупцијата и сајбер безбедноста. Македонската полиција со сигурност се доближува кон достигнување на високите стандарди на полициско работење“, се наведува во соопштениетот од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ