петок, 13 декември 2024

Австралија: Ќе ги забраниме социјалните мрежи за помлади од 16 години

Австралискиот премиер Антони Албанис изјави дека неговата влада законски ќе ги забрани социјалните мрежи за деца под 16 години, што е прв таков предлог во светот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Социјалните мрежи им штетат на нашите деца и сакаме да ставиме крај на тоа“, рече Албанис на прес-конференција.

Законот годинава ќе биде испратен до парламентот, а ќе стапи на сила дванаесет месеци откако пратениците ќе го прифатат, додаде тој.

Корисниците со родителска согласност нема да бидат исклучок.

„Социјалните мрежи ќе имаат обврска да го спречат пристапот. Тој товар нема да биде ниту на децата, ниту на родителите“, рече премиерот.

Министерката за комуникации Мишел Роуланд појасни дека законот ќе важи за платформите на Мета Инстаграм и Фејсбук, како и за ТикТок и Икс на Илон Маск, а веројатно и за Јутјуб.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ