четврток, 28 ноември 2024

Чешка: Тврдењето дека војната беснее само на истокот на Украина ја доведува во заблуда јавноста

Погрешното претставување на ситуацијата во Украина со тврдење дека војната беснее само на истокот на земјата е сериозна измама на јавноста, изјави денеска Петр Павел претседателот на Чешка.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Павел го изјави ова во интервју за Чешкото радио, одговарајќи на изјавите на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој рече дека луѓето водат нормален живот во Киев, пренесе Таср.

„Во Украина несомнено има војна. И точно е дека во Киев најчесто се одвива нормален живот. За жал, тој нормален живот е прекинат со дојдовни ракети што убиваат луѓе. Иако на прв поглед ова може да изгледа како мирен живот, тоа е војна и е далеку од каква било нормална ситуација“, рече тој.

Павел рече дека иако Западот може до одреден степен да е уморен од постојаните повици за поддршка на Украина, важно е да се разбере дека исходот од конфликтот во Украина ќе ја обликува европската, па дури и глобалната безбедност во иднина.

„Доколку Русија успее да ја преземе контролата врз Украина, таа ќе се охрабри дека во иднина може да нападне друга суверена земја и да ги наметне своите интереси преку употреба на сила“, рече тој.

За продолжување на помошта за Украина во иднина, Павел смета дека Европа треба да се подготви за можноста Доналд Трамп да победи на претстојните претседателски избори во САД.

Ако тоа се случи, Трамп би можел да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и да склучи договор со него што би бил „штетен и за Украина и за Европа“, изјави Павел.

Според него, Европа ќе мора да се справи со тоа и подобро е да се подготви однапред за такво сценарио.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ