четврток, 31 октомври 2024

Чешка ја критикуваше Орбановата споредба на ЕУ-интеграциите со плановите на Хитлер

Објавено на

часот

Сподели

Во меѓувреме, комесарката на ЕУ, Чехинката Вера Јоурова, откри дека Унгарците избегнуваат да се сликаат со неа во Брисел за да не бидат подложени на „прогон дома“, пренесува порталот Еуроактив.

„Дури и Адолф Хитлер сонуваше за европско единство и подоцна се осврна на идејата за сѐ поблиска унија“, кажа Орбан во петокот во Веспрем, на западот на Унгарија, што предизвика критики од Чешка.

„Никој не ги тера Унгарците да бидат дел од оваа заедница ако во неа се чувствуваат толку непријатно“, рече во неделата чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски за време на една дебата на чешката телевизија.

Јоурова, која исто така се вклучи во разговорот, рече дека со секоја таква изјава се урива репутацијата на Унгарија, а на прашањето на модераторот дали сѐ уште смета дека Унгарија е демократска земја, таа одговори дека „мошне долго се сомнева во тоа”.

Меѓутоа, таа нагласи дека и покрај реториката на Орбан, некои унгарски дипломати и понатаму се отворени за евентуален компромис во врска со прашањата за кои е потребна едногласност на ниво на ЕУ, како што е, на пример, прашањето за санкциите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ