По шест одиграни кола Челси е на четвртото место со само два бода помалку од лидерот Ливерпул и еден помалку од Манчестер Сити и Арсенал.
Се чини дека Енцо Мареска ги среди работите во тимот, донесе нова енергија и знаење и Челси почна да игра како што посакуваат навивачите.
Информациите од Англија велат дека раководството на Челси е многу задоволно од тоа како Мареска се справува со работите и ова веројатно е најдобриот момент откако клубот го преземаа американските сопственици.
Во Челси конечно чувствуваат дека стануваат кандидати за освојување на титули.