петок, 18 октомври 2024
Премиерлига

Челси продолжи да губи и со Лампард, пораз од Вулвс (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Враќањето на Лампард помина неславно, Челси загуби кај Вулвс со 1-0, стрелец на голот беше Матеус Нуњес во 31. минута.

Тотнем освои значајни три бода против Брајтон во борба за топ четири. Натпреварот беше тензичен, двајцата тренери, Де Зебри и Стелини беа исклучени. Домаќините победија со 2-1.

Сон во десетата минута донесе водство од 1-0, Данк во 34. израмни на 1-1. Победничкиот гол за Спарс го постигна Кејн на десет минути пред крајот.

Њукасл продолжи со големата форма, овојпат го победи Брентфорд на негов терен и тоа со пресврт во второто полувреме.

Тони во 30. минута промаши пенал, но 15 минути подоцна постигна гол од белата точка за водство на Брентфорд од 1-0.

Во 54. минута Раја си даде автогол, а седум минути подоцна погоди и Исак за победа на Тотнем од 2-1.

Астон Вила со 2-0 го совлада Нотингем Форест, Борнмут со 1-0 победи на гостувањето кај Лестер, а со истиот резултат гостински триумф оствари и Вест Хем кај Фулам.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ