среда, 27 ноември 2024

Чедомир Јаневски има нов клуб на Кипар

Македонскиот тренер, Чеде Јаневски повторно ќе води кипарски клуб, овојпат тоа е екипата на Неа Саламис која има за цел да остане во најдобрата лига од оваа земја.

Објавено на

часот

Сподели

Неа Саламис потврди дека постигнале договор со македонскиот стратег, Чедомир Јаневски.

„Бордот на директори на Неа Саламис сака да соопшти дека се договори со тренерот Чедомир Јаневски кој има искуство во кипарскиот шампионат. Ние сме оптимисти дека ќе имаме успешна соработка“, стои во соопштението.

По шест одиграни кола Неа Саламис е на претпоследното место во лигата со најлоша гол разлика од -10 погодоци.

Јаневски треба да дебитира на следниот меч кој се игра на 21 октомври и тоа против АЕЛ Лимасол кој е последниот клуб каде беше тренер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ