среда, 24 јули 2024
Кит Кларенберг

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Чарлс Гарет и пучот во Македонија

Чарлс Гарет, очигледен разузнавачки агент, се здружи со локален обвинител за погрешно да обвини македонски јавни личности и да ја собори владата во земјата. Секаде каде што оди Гарет, следат државни удари.

Западните медиуми покажаа мал интерес кога антизападната ВМРО-ДПМНЕ постигна убедлива победа на претседателските и парламентарните избори во Македонија овој 8 мај. Меѓутоа, сеизмичката промена може да ја врати назад, од странство оркестрираната Шарена револуција која се случи пред речиси една деценија. Таа ја постави владата во Скопје на пат управуван од ЕУ и НАТО, но патот беше проследен со неконтролирана корупција и криминал, проследено со локално омразената промена на името.

Британското мешање имаше централно место во таа операција за промена на режимот, при што очигледниот оперативец на МИ6 по име Чарлс Гарет правеше проблеми на теренот додека се координираше со опозициските актери. Гарет уживаше во очигледно блиска врска со кварен висок локален обвинител кој користеше незаконски набавени и тешко извалкани докази од прислушување, за погрешно да обвини и уценува голем број македонски јавни личности.

Како што документираше The Grayzone, Лондон на Западен Балкан работи програма позната како „Глобална Британија“. Протечени документи откриваат дека се работи за суптилно влијание врз составот на локалните власти и законските и регулаторните тела во име на британските интереси, истовремено пополнувајќи ги институциите, вклучително и воено-разузнавачкиот апарат, со рачно избрани кадри. Според еден протечен документ, МИ6 не толерира регионално спротивставување на нејзината агенда и применува активни мерки за да го неутрализира локалниот отпор.

Она што се случуваше во Македонија изминатата деценија е јасен пример за тоа што се случува со владите на Балканот кои не ги споделуваат проповеданите вредности на Британија. Истото е и со државниот удар од 2020 година во Киргистан, каде Гарет почна да работи веднаш откако го напушти Скопје. Централна Азија сега е распната во бескрајната потрага на Лондон за промени на режими.

За НАТО, „бомби“ ја соборија избраната македонска влада

Напорите на НАТО да се прошири во поранешна Југославија добија турбо засилување по руската реунификација со Крим во март 2014 година. Грејзон документираше како членството во Алијансата ѝ беше наметнато на Црна Гора во 2016 година и покрај речиси универзалното противење на јавноста. Постигнувањето на ова подразбираше поддршка за корумпираниот и брутален прозападен диктатор на власт речиси две децении, додека оние кои беа против НАТО беа затворани под лажни обвиненија за соработка со руски разузнавачи, врз основа на лажни докази обезбедени од ЦИА и МИ6.

Слични трикови се правеа и во Скопје, кое потпиша „Акционен план за членство“ со НАТО во 1999 година. Иако малку повеќе го поддржуваше членството во НАТО од Црногорците, локалното население речиси едногласно се спротивстави на промената на името на земјата, што го бараа Грција, ЕУ и САД како предуслов за приклучување. Владата на ВМРО, предводена од тврдиот националист Никола Груевски, вети дека Македонија секогаш ќе се вика Македонија.

Заради тоа се покрена државен удар оркестриран од Западот. Во февруари 2015 година, лидерот на опозициската партија СДСМ, Зоран Заев, почна редовно да исфрла – како што тој и медиумите ги нарекуваа – „бомби“, кои всушност беа прислушувања на приватни разговори меѓу истакнати македонски личности кои им нанесуваа штета. На снимките, Груевски и неговите министри навидум се вмешани во тешки кривични дела, вклучително и убиство. Заев тврдеше дека свиркачи му ги предале незаконски снимените снимки. Премиерот возврати дека објавувањата биле обезбедени од странски разузнавачки служби, со цел да се изнудат предвремени избори.

Години подоцна, независни истраги открија дека СДСМ измамнички ги монтираше, сечеше и лепеше овие снимки за да ја искриви нивната содржина и лажно да ги инкриминира владините функционери. На пример, тие спастрија една „бомба“ за да звучи дека највисоките функционери на ВМРО заговарале да се прикрие убиството на млад Македонец во Скопје во 2011 година од страна на полицаец. А немонтираната снимка покажува дека раководството на ВРМО всушност е шокирано од убиството и сака виновникот да биде строго казнет.

По нивното објавување, тешко манипулираните „бомби“ на Заев предизвикаа широки незадоволства во Македонија и поттикнаа стотици илјади граѓани да излезат на улиците против ВМРО. Се случи „Шарена револуција“ како што ја нарекуваа учесниците и невладините организации, а ЕУ и САД се вклучија и посредуваа во Договорот од Пржино, според кој Груевски поднесе оставка и се одржаа нови избори. СДСМ стапи на функција преку кревка коалиција, а потоа почна да ги поставува темелите на промена на името на Македонија, како експлицитна услуга за членств во НАТО, со помош од десетици милиони долари од разузнавачката служба УСАИД и милијардерот Џорџ Сорос.

Пратениците беа уценувани, често со користење на незаконски прислушуваните материјали и поткупувани да донесат неуставни и многу контроверзни промени. Ова овозможи ребрендирање во „Северна Македонија“ и покрај речиси тоталниот недостаток на јавна поддршка, па дури и без потпис на претседателот. Западните сили наметнаа и лажен референдум, кој беше бојкотиран од повеќето граѓани. Конечно, Северна Македонија беше формално примена во НАТО во март 2020 година.

Но, Алијансата нема намера да застане тука. Официјални лица оттогаш постојано ставаат до знаење дека пристапот на Босна и Херцеговина е неизбежен и покрај тоа што 98 отсто од босанските Срби се противат на членството, поради централната улога на НАТО во криминалното уништување на Југославија во текот на 1990-тите. На дело се и тајни британски напори за промовирање на НАТО и во Србија, каде што над 80% од населението се противи на пристапувањето.

Искусниот британски агент стигнува во Македонија и прави политички хаос

Во август 2013 година, Чарлс Гарет беше назначен за амбасадор на Лондон во Македонија. Кусо порача дека ќе ѝ помогне на земјата „да ги постигне своите цели за влез во НАТО и ЕУ“. Упатени локални извори го информираа Грејзон дека тој бил драгоцена алка во „Шарената револуција“, дистрибуирајќи кеш на невладини организации и активисти вклучени во немирите.

Биографијата на Гарет ги содржи сите белези на доживотен офицер на МИ6. Неговата долга кариера во лондонската дипломатска служба вклучува мандати во Кипар, Хонг Конг, Швајцарија и Тајван, сè клучни јадра за собирање разузнавачки информации и тајни акции на британската шпионска агенција. Тој беше пратен на Балканот во втората половина на 1990-тите, кога регионот стана вистинска игротека за МИ6.

Според Договорот од Пржино, беше формирано Специјалното обвинителство (СЈО) кое ќе ги истражува функционерите за тешки кривични дела наводно откриени со незаконското прислушување. За прв човек беше избрана дотогаш непозната обвинителка од мал македонски пограничен град, Катица Јанева. СЈО требаше да поведе судски дејствија и против луѓе на СДСМ – вклучително и Заев – за објавување на прислушуваните разговори но тие процеси никогаш не се остварија. Во меѓувреме, сите западни функционери кои ја посетуваа Македонија задолжително го посетуваа седиштето на СЈО за да се сликнат со Јанева. Меѓу нив, се разбира, беше и Гарет.

Првично, западните новинари ја третираа Јанева со многу ласкавни портретирања. Фајненшл тајмс ја нарече македонската „Бијонсе“ а Би-Би-Си неа и нејзините две главни помошнички ги нарече „Чарлиевите ангели“, тврдејќи дека триото е „камшик за македонската политичка елита а тие хероини на уличните протести што ја потресуваат малата балканска нација“.

Во долгиот „документарец“ финансиран од УСАИД беше прикажани луѓето на СЈО како телефонски им се потсмеваат на нивните жртви и зборуваат кого следен да пратат зад решетки. Оттогаш материјалот е отстранет од мрежата и денес практично не може да се најде трага од неговото постоење на интернет (може, Грејзон, може, види го нашето  – „За народот кој верува во ангели“ – н.з.). Можеби затоа што во јуни 2020 година Јанева беше осудена на седум години затвор за корупција. Нејзината крстоносна војна против криминалот од самиот почеток беше опсцена, партиска измама. Попатно, специјалната обвинителка тајно се збогатуваше со најразлични бескрупулозни, криминални средства. Вистинската цел на СЈО беше дестабилизација на владата на ВМРО и дискредитација на нејзините поддржувачи.

Таргетите на Јанева често беа натоварени со смешни обвиненија. На пример, премиерот Груевски беше обвинет за „злоупотреба на службената положба“ за давање зелено светло за изградба на два „кинески автопати“. Обвинителите рекоа дека тој имал корист од договорот – не финансиски, туку затоа што ќе „добиел на популарност“ доколку автопатите се завршат во предвидениот рок. Во друг случај, про-ВМРО новинарка беше обвинета за даночна измама за пријавување интимна облека како деловен трошок, како резултат на што беше подложена на многу мизогиниско исмевање во медиумите поврзани со СДСМ.

Уште пожално, сопственик на независен информативен медиум изврши самоубиство откако СЈО го притискаше да стане сведок на обвинителството, со полициски рации во раните утрински часови, насочени кон него и неговото семејство. Случаите што беа покренати против сопствениците на телевизиите Сител и Нова ТВ што ја поддржува владата, ја сменија уредувачката линија во корист на СДСМ, а втората беше целосно затворена. На нејзино место, ексцентричната македонска медиумска личност по име Бојан Јовановски, наречен Боки 13, ја лансираше жестоко про-СДСМ телевизијата 1ТВ.

Јавно, Боки 13 ја користеше својата ТВ станица за ентузијастички да ја промовира владата предводена од СДСМ и работата на СЈО, а Јанева беше чест гостин во нејзините „сериозни“ и забавни програми. Приватно, тој рекетираше богати бизнисмени обвинети од Јанева, ветувајќи им дека ќе им ги тргне проблемите во замена за великодушни купувања рекламен простор на 1ТВ или значителни донации за неговата „добротворна организација“, Меѓународен сојуз.  Кој седна во неговиот одбор? Чарлс Гарет.

Пучеви го следат Гарет каде и да оди

Во 2019 година, кога овие факти станаа јавно познати, а Јанева и Боки 13 беа во затвор, Гарет беше безбедно извлечен од Скопје и назначен за британски амбасадор во Киргистан. Речиси веднаш, во главниот град Бишкек избувна револуција. Масовните демонстрации, поттикнати од извештаите за местење на гласовите на парламентарните избори во октомври 2020 година, кулминираа со упад на војската во комплексот на претседателот Суронбај Јеенбеков и неговоотстранување – физички – од функцијата.

Во февруари 2022 година, медиум поврзан со владата на Киргистан отворено го обвини Гарет дека управува со „петтата колона“ во Бишкек. Се тврди дека во пресрет на изборите во 2020 година, заедно со претставници на американскиот Стејт департмент тој се сретнал со локални новинари и блогери, нудејќи им огромни суми за да  идентификуваат изборни прекршувања и да документираат притисоци врз медиумите и граѓанските групи. Гарет, наводно, им ветил врвна опрема за емитување, за да го зголемат досегот на нивната публика. Не долго по објавувањето, тој се врати во Лондон. Оттогаш Гарет се држи притаено.

*******

Наследството на амбасадорот видливо опстојува и во Македонија денес. Во март 2016 година, демонстрантите на Шарената револуција се обидоа да ја запалат канцеларијата на претседателот, откако беа помилувани 56 лица обвинети од СЈО. Просториите беа претворени во седиште на UK Aid, сега веќе непостоечка британска владина агенција тесно вмешана во неолибералниот грабеж на Украина. Ова вклучуваше водење тајни комуникациски кампањи во име на Киев за промовирање на уништувањето на правата на работниците на локално ниво.  Веројатно организацијата имала слична бескрупулозна улога и во Скопје, откако таму дојде Гарет.

Враќањето на ВМРО на власт конечно им нуди на македонските граѓани можност да ги запрат операциите на сите американски и британски разузнавачки фронтови, да ги пресечат нивните операции на свој терен и да си ја вратат територијата освоена од странство.

Кит Кларенберг, Грејзон

(Преземено од Офф.нет)

КОЛУМНИ

Бојан Блажевски

Чечичен молк: Долг е патот до автопат

Наташа Јаневска

Пет проценти од буџетот на државата за образованието е клучот за...

Шанг-Јин Веи

Дaли атентатот ќе му донесе победа на Трамп?

Ристо Цицонков

Кaков систем за климатизација да се одбере?

Бојана Јовановска

До каде сме со (анти)родовите политики?

Рајко Пеколски

За дупките

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ