„Претседателката изрази очекување од новиот владин состав совесно, чесно и одговорно да ја реализира поставената програма за работа, во согласност со македонските национални интереси и интересите на граѓаните“, се вели во соопштението.
Недостасува само министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски кој се наоѓа во Луксембург на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската Унија и земјите од Западен Балкан.
Инаку, денеска е првиот работен ден на Владата чиј состав беше избран синоќа пред полноќ во Собранието на Македонија.