петок, 18 октомври 2024

Буркина Фасо, сепак, ќе игра на Купот на нациите

Објавено на

часот

Сподели

Намибија го загуби спорот пред КАС и со тоа се исцрпени сите правни можности, па Буркина Фасо без проблем ќе игра на годинешниот континентален собир на африканските ѕвезди. Намибија се жалеше затоа што во двомечот во квалификациите, нивниот западноафрикански противник го имал Херве Зенге во тимот, кој е Камерунец, но е женет во Буркина Фасо.

КАС ја протолкува одлуката со фактот дека фудбалерот на руски Терек имал право на настап.

„Тој има државјанство од 14 септември 2006 година, а на 25 март 2011 му поминаа пет години од поседувањето пасош од Буркина Фасо“, пишува во образложението.

Африканскиот куп на нации почнува на 21-ви овој месец, а Буркина Фасо е во група со Брегот на Слоновата коска, Судан и Ангола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ