недела, 20 октомври 2024

„Бура на векот“ пустоши низ Русија, Украина, Молдавија, луѓе умираат во затрупани автомобили (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Десет лица загинаа во подрачјето на Одеса, Харков, Миколаев и Киев“, напиша Клименко на Телеграм. „Дваесет и тројца се повредени, меѓу нив и две деца“, додаде тој. Вкупно 411 населби и 11 региони се без струја, а луѓе требало да се спасуваат од повеќе од 1.500 возила.

Жестоко невреме, во руските медиуми наречено „бура на векот“, кое однесе неколку животи, од неделата пустоши по јужните региони на Дагестан, Краснодар и на Ростов. Рускиот претседател Владимир Путин ги следи извештаите за „метеоролошките катастрофи“ и веќе ѝ нареди на владата да преземе мерки за помош на погодените региони, рече портпаролот на Кремљ Дмитри Песков.

Рускиот министер за енергетика кажа дека 1,9 милиони луѓе останале без струја.

Огромни бранови се истурија на крајбрежните подрачја на рускиот брег на Црно Море, според видеата од социјалните медиуми, додека брзината на ветрот на некои места достигнувала и над 140 километри на час. Две тела се пронајдени во јужниот руски регион Краснодар, додека државните медиуми јавија дека еден морнар загинал во Керчката клисура меѓу Крим и Русија.

Во Молдавија телата на двајца луѓе се пронајдени во автомобил затрупан со снежен нанос во југоисточното подрачје на Коскалија, известија молдавските медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ