понеделник, 22 јули 2024

Бундестагот ја усвои Резолуцијата за Македонија, за македонскиот јазик и култура

Објавено на

часот

Сподели

Резолуцијата што ја поднесоа парламентарните групи на трите владејачки коалициски партнери – социјалдемократите, зелените и либералите, вклучува и конкретни препораки до Владата на канцеларот Олаф Шолц во однос на европската перспектива на Северна Македонија.

„2023 е клучна година за европската иднина на Северна Македонија. Германија е цврсто посветена на европската перспектива на Северна Македонија и решително ја поддржува земјата на нејзиниот пат кон Европската Унија. Во последните две децении, Северна Македонија мина низ различни фази, во кои постоеше ризик од губење на јасната ориентација за приближување кон ЕУ и нејзините вредности. Во последните години земјата се врати на реален и амбициозен евроатлантски курс и реформски процес“, се наведува во текстот резолуцијата.

Во документот, како што претходно пренесе Дојче веле, се нагласува дека пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ е во обостран интерес, а успешниот пат кон пристапувањето во Унијата има далекусежни ефекти за целиот регион. 

„Северна Македонија е мултиетнички модел. Германскиот Бундестаг ги признава македонската култура, идентитет и јазик. Во Европската Унија, која се карактеризира со голема разновидност на јазици и култури, јазиците се составен дел од нашето заедничко културно наследство. Јазичната разноликост се практикува во повеќејазичноста на програмите и во работата на институциите. Македонскиот јазик и култура дополнително ќе ја збогатат оваа разноликост. Европската унија го смета зачувувањето и заштитата на ова богатство како една од нејзините најважни задачи“, се вели во резолуцијата.

Германски пратеници сметаат дека решавачко за идниот успех на пристапниот процес е надминување на одложувањето на пристапните преговори со ЕУ, процес кој, како што се посчува, тргна во позитивна насока по потпишувањето на Договорот од Преспа.

Бундестаг оценува дека треба да се преземат сите напори за брзо изнаоѓање решение, за да се создадат услови за следниот чекор во пристапниот процес на Северна Македонија. 

Пратениците во германскиот парламент ја нотираат надворешно-политичката позиција на Северна Македонија во однос на војната во Украина, која е целосно сообразена со онаа на ЕУ, забележувајќи дека руската агресија, како и пандемијата на коронавирусот претходно, ја зголемиле економската и социјалната криза во земјата.

Германскиот Бундестаг ја повика и Бугарија да го поддржи патот на Северна Македонија кон ЕУ во рамките на компромисот договорен со Советот и да се воздржи од дополнителни услови.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ