петок, 18 октомври 2024
Градоначалникот на Карпош негира дека кај Ј03 ќе се градат пет згради

Булеварот Теодосиј Гологанов го проектирал Кензо Танге, ДУП-от го следи неговиот план, тврди Јакимовски

Објавено на

часот

Сподели

„Чиста лага е дека ќе се градат пет згради на тоа местоТакво нешто не постои во планот. Не можам да се начудам до каде одат лагите и манипулациите на некои граѓани. Чиста лага е и дека нас ни текнало да нацртаме ‘аутострада’ со која ќе ги уништиме парковите, зеленилото, детските игралишта. Замислете, тие ме обвинуваат дека сакам да ги урнам фонтатанта, игралиштето, клупите, зеленилото кои јас сум ги направил. Немојте да ги слушате тие што сакаат да ве лажат“, рече Јакимовски.
 
 
Тој исто така презентираше три претходни Генерални урбанистички планови (ГУП) во кои, како што вели, јасно се гледа дека во сите нив е планиран булеварот Теодосиј Гологанов, и при тоа ги образложи, според него, позитивните промени во новиот ДУП. 
 
 
„Булеварот Теодосиј Гологанов го проектирал Кензо Танге и сите градоначалници наваму го следеле неговиот план. Во претходниот ГУП овој булевар беше предвиден со профил од 78 метри. По наше инсистирање кај тогашниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, во новиот ГУП од 2012 година профилот на булеварот беше намален на 60 метри. Со овој ДУП како позитивна промена исто така се предвидени три влеза и три излеза во и надвор од булеварот, за разлика од досега каде има само еден“, кажа Јакимовски.

 

Денеска на седница на Советот на Општина Карпош четврта точка од дневниот ред е гласањето за Деталниот урбанистички план Ј03 блок 02, за кој жителите на општината уште одамна искажале незадоволство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ