недела, 27 октомври 2024

Бугарски крузер со 160 патници се заби во ѕид на Дунав во Австрија, 11 повредени

Единаесет лица се повредени кога бугарски брод за крстарење во текот на ноќта удрил во бетонски ѕид на Дунав во северниот австриски град Ашах ан дер Донау, соопшти денеска локалната полиција.

Фото: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

Околу 160 патници се наоѓале на бродот кој патувал од Баварија кон австрискиот град Линц, изјави портпаролот на полицијата од соседниот Ефердинг, пренесе Ројтерс.

11-те повредени се пренесени во болница, а бродот можел да продолжи по несреќата, изјави портпаролот.

Сè уште не е јасно колку се сериозни повредите, изјави портпаролот.

Локалните медиуми јавуваат дека уште шест лица се здобиле со полесни повреди за кои не е потребна болничка помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ