вторник, 22 октомври 2024

Бугарската шефица на дипломатијата вели дека Скопје има проблем со исполнување на европските вредности

Објавено на

часот

Сподели

„Нема билатерален проблем меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Бугарија е земја членка на ЕУ и ги поддржува принципите и вредностите на ЕУ. Ако Северна Македонија сака да стане членка на ЕУ, мора да покаже дека членството во ЕУ значи обврски и исполнети ветувања. Разбирањето во ЕУ е јасно – сакаме да покажеме дека мора да се почитуваат човековите права и принципите на ЕУ“, истакна Габриел на синоќешното отворање на изложбата ‘Пловдив – град на мозаиците’ во бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје.

Како што пренесуваат бугарските медиуми, осврнувајќи се на историските прашања и несогласувања меѓу Софија и Скопје, Габриел истакна дека „историјата има свое значење и таа треба да биде предмет на дискусија на историчарите и експертите, бидејќи секогаш кога ќе се укаже прилика да се злоупотреби, таа се политизира и радикализира. Така одиме во маѓепсан круг“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ