понеделник, 22 јули 2024
Изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Бугари во Уставот кога Македонија ќе влезе во ЕУ, амандманите да бидат со одложено дејство, изјави Мицкоски

Објавено на

часот

Сподели

По лидерската средба што ја имавме вчера важно е да се потсетиме дека Владата нема двотретинско мнозинство за уставни измени кои што ги прифати без консултација со ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски и додаде дека власта всушност со игнорирање на опозицијата создаде проблем. 

„44-те потписи на пратениците од коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ значат дека Владата не може да обезбеди доволно гласови за да поминат во парламентот уставни измени“, рече лидерот на партијата.и додаде дека е исто така важно да се нагласи дека Македонија уште нема започнато преговори со ЕУ.

Како одговорна партија подготвени сме да разговараме за иднината на Македонија, така беше и вчера со присуството на лидерската средба, додаде Мицкоски и даде објаснување што значи предлогот за влез на неговата партија во Владата:

„Понудата од премиерот е СДСМ да ни отстапи 5 министерства, а ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка за уставните амандманаи. Но мојот одговор беше следен: Ја прифаќаме понудата за учество во Владата, но имаме услови. Прв услов, реков, е Македонија, односно Владата, да ја ослободиме од ДУИ, што значи без таа партија да функционира преодната Влада до изборите. Во таа смисла ја поздравувам изјавата на Бујар Османи да искаже согласност за нашето барање. Нашиот став беше дека ќе сториме се ДУИ да остране во опозиција, што конечно, нема да биде добро само за државата, туку ќе биде добро и за самата ДУИ за да се реорганизира, реформира“, рече Мицкоски. 

Тој потоа се осврна на значењето на разговорот со премиерот за уставните измени.

„Кога станува збор за уставните амандмани реков дека не е проблем да гласаме, но со одложено дејство, во сила уставните амандмани да стапат кога за Македонија ќе биде донесена одлука да станеме членка на ЕУ. Ако Европа толку многу не сака тогаш Македонија ќе ја стави на брза лента“, рече Мицкоски и одговори дека од Ковачевски добил одговор дека тоа би значело менување на преговарачката рамка.

„Уставните амандмани да бидат ефективни и да станат дел од Уставот, а тоа значи и Бугарите во тој Устав ќе се официјализираат тогаш кога Македонија ќе стане членка на ЕУ“, одговори на уште едно новинарско прашање со кое се бараше дообјаснување на ставот за уставните измени.

Преодната Влада би била во таков состав до изборите, нагласи Мицкоски и оцени дека така и избрниот процес би бил од поголема доверба за граѓаните, а таа Влада не би имала по сила на некаков договор Албанец за премиер во последните сто дена.

На прашањето кои пет министерства би ги прифатил да ги преземе како партија, Мицкоски рече дека за такво нешто не е разговарано ниту во партијата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ