четврток, 24 октомври 2024

Будимпешта: И по седум дена украинска блокада на руската нафта Брисел молчи

Ни по една недела Европската комисија не направи ништо по повод барањата на Унгарија и Словачка во врска со украинската блокада на руската нафта, кажа унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„И покрај загрозувањето на енергетската безбедност на двете земји членки на Европската Унија, и покрај загрозувањето на енергетската безбедност двете земји членки на ЕУ, и покрај кристално јасното кршење на договорот за придружување ЕУ-Украина, Брисел молчи“, порача Сијарто на Фејсбук.

Тој наведе дека има две опции – или ЕК е толку слаба „што не е во состојба да ги спроведе фундаменталните интереси на две држави членки против кандидат за членство“, или сака да ги уцени двете земји кои се залагаат за мир и кои одбиваат да испорачаат оружје.

„Европската комисија и лично претседателката Урсула фон дер Лаен мора веднаш да се изјаснат: Дали побарале од Брисел да забрани испораки на нафта од Киев? Ако тоа не е така, зошто Европската комисија не презела ништо повеќе од една недела?“, праша шефот на унгарската дипломатија.

Дотокот на нафта на компанијата Лукоил во Словачка и Унгарија преку Украина сопре откако Киев ја стави руската компанија на листата на санкционирани минатата недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ