четврток, 24 октомври 2024

Брутален напад на израелската војска: ракети погодиле училиште во Газа, најмалку 30 мртви и над 100 повредени

Најмалку 30 луѓе се убиени, а повеќе од 100 се повредени во израелски воздушен напад на училиште во Деир ал Балах во централна Газа, соопшти палестинското министерство за здравство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израелската војска го извршила нападот наводно за да уништи команден центар на Хамас.

Повеќето жртви од училиштето кои стигнале во болницата „Мачениците на Ал Акса“ по нападот биле жени и деца, соопшти д-р Халил ал Дакран, портпарол на болницата.

Повеќе од 4.000 раселени лица се сместени во училиштето, соопшти палестинската цивилна одбрана.

Нападот следел набрзо откако израелската војска издала нови наредби за евакуација појужно, во градот Кан Јунис, каде Израел почна нова офанзива претходно оваа недела во која се убиени десетици Палестинци.

На жителите во јужните населби им било кажано да заминат по предупредувањето дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) „насилно ќе дејствуваат“ во таа област.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ