петок, 18 октомври 2024

Бронза и две финалиња за каратистите на „Макпетрол“ на првиот ден од Универзијадата во Унгарија

Првиот ден од Европската Универзијада беше успешен за членовите на карате клубот „Макпетрол“ кои се дел од македонската репрезентација. Во елиминациските борби на големиот собир што се одржува во Унгарија, тие освоија еден бронзен медал и обезбедија два пласмани во финални борби.

Објавено на

часот

Сподели

Ангела Мојсовска се закити со бронза во категоријата под 68 килограми. Петар Заборски (-75 кг.) и Данило Божовиќ (+84 кг) ќе се борат за златен медал. Стефан Стојановиќ не успеа да се пласира во финале, а неговата борба за трето место заврши со 1-1. Како резултат на правилото за прв земен поен, Стојановиќ на крајот се пласира на петтата позиција.

Мојсовска бронзата ја освои со победа над Маница Бриана од Романија со 10-2. Во претходните соочувања, таа ги оствари следните резултати против: Ана Марија Равлиќ (Хрватска) 1-0; Рената Арабли (Азербејџан) 9-1; Маделина Скротер (Германија) 1-9.

На патот до финалето, Петар Заборски ги оствари следните резултати против: Рафаело Ди Гиола (Швајцарија) 5-0; Тамас Акс (Унгарија) 8-0; Гонцало Феитас (Португалија) 3-0; Сасу Ндао (Франција) 1-0. Членот на „Макпетрол“ во финалната борба ќе се соочи со Тим Стеинер од Германија.

Данило Божовиќ, кој, исто така, ќе се бори за злато, ги оствари следните резултати против: Јахум Тимавски (Словачка) 4-3; Немања Јововиќ (Црна Гора) 4-1; Осман Османли (Турција) 5-1. Во финалето Божовиќ ќе се бори со Томас Коса.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ