недела, 8 септември 2024

Бродови на руската Балтичка флота пристигнаа во Хавана

Група бродови на руската Балтичка флота денес пристигна во пристаништето на главниот град на Куба, Хавана, јавуваат руските новински агенции.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во пристаништето прво влегол тренажниот брод Смолни, потоа патролниот брод Неустрашимиј па танкерот Јелња.

За време на посетата на Куба руските морнари ќе учествуваат во разни манифестации. Ќе се сретнат со шефот на кубанската морнарица и властите на Хавана.

Локалните жители ќе можат да го посетат Смолни утре и задутре.

Ударна група на руската Северна флота во јуни пристигна во пристаништето Хавана, вклучувајќи ги нуклеарната подморница Казан, фрегатата Адмирал Горшков, танкерот Академик Пашин и спасувачкиот реморкер Николај Чикер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ