понеделник, 28 октомври 2024

Брнабиќ: Фон дер Лаен го почитува српскиот премиер, состанокот го откажа поради притисоци

Претседателката на собранието на Србија Ана Брнабиќ кажа денес дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен „длабоко го почитува“ српскиот премиер Милош Вучевиќ и дека средбата со него била откажан поради силни притисоци.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Фон дер Лаен во петокот одби да се сретне со Вучевиќ кој тој ден, пред најавената средба со неа, се сретнал со рускиот министер за економски развој Максим Решетњиков.

Брнабиќ кажа дека такви нешта му се толерираат само на претседателот на Србија Александар Вучиќ, бидејќи тој е „државник од голем формат“.

Според неа, Вучиќ одржува одлични односи со Русија, Европската Унија, Кина и други земји и поради него во Србија доаѓаат угледни светски лидери.

„Во последната година Белград повеќе личи на Вашингтон отколку на Белград во надворешнополитичка смисла. Највлијателните светски лидери ни доаѓаат во посета. Една мала земја на Балканот кај која доаѓаат сите, тоа е невозможни и за многу посилни и поголеми земји. Ни за времето на Тито тоа не се случувало“, оцени Брнабиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ