четврток, 28 ноември 2024

Британскиот премиер свика итен состанок за да се најде решение за запирање на уличните протести

Британскиот премиер Кир Стармер ќе одржи итен состанок со својот кабинет и шефовите на полицијата за да се најде решение за запирање на уличните протести и нападите врз хотелите во кои се сместени барателите на азил.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Стармер ги нарече немирите, вандализам.

Беззаконието зафати многу делови од земјата во изминатите шест дена, бидејќи екстремно десничарските активисти ги користеа социјалните мрежи за да го подигнат гневот против имигрантите и муслиманите по нападот со нож во кој загинаа три девојчиња.

Во неделата, гневните толпи нападнаа два хотели во кои се сместени мигранти, кршејќи прозорци и подметнаа пожари, пред полицијата да ги принуди да се повлечат, мигрантите беа евакуирани од зградата.

За време на денешниот состанок на Комитетот за вонредни состојби на Владата, наречен Кобра, се очекува очекува началниците на полицијата и министрите да се договорат како да се спречи повторното насилство.

Министерството за внатрешни работи им понуди на џамиите поголема заштита во рамките на новиот „процес за брз одговор“ дизајниран за брзо справување со заканата од понатамошни напади на местата за богослужба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ